
Дури 161 санкција за само еден месец – поради непрописно затемнети стакла на возила. Секторот за сообраќајни работи при МВР од 1-ви до 31-ви јули спроведе засилени контроли низ целата држава, насочени кон техничката исправност на возилата, особено фолиите што го нарушуваат прописното затемнување. Контролите покажале дека голем број возачи се уште не ги почитуваат прописите, а секоја утврдена неправилност резултирала со соодветен поднесок.
,,Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“, посочуваат од МВР
Како што потенцираат од министерството, контролите продолжуваат и во следните денови, а целта како што велат е јасна, безбеден сообраќај и еднакви правила за сите учесниците во сообраќајот.