
За храна, детергенти и цигари штипјани трошат најмногу пари, месечните примања се трошат за преживување, не за живот. Во секојдневна борба со цените, граѓаните најмногу пари даваат за основните животни потреби. Тоа го покажува анкетата што ја направивме на терен. За многумина, веќе купувањето облека, или нешто надвор од потребното е луксуз кој не можат да си го дозволат. Во продавниците – се бројат денари. На пазарите – се пазарува со мера, не со желба. А за крај на месецот – секогаш исто прашање, како ќе се издржи?
Граѓаните се децидни дека цените во маркет растат од ден на ден, повторно зголемување на цените забележуваат тие, но сепак велат мора да се јаде.
Во согласност со ситуацијата, граѓаните се едногласни дека мерки во маркетите мора да има што побргу, а истовремено да порасне минималната плата, се со цел може послободно да се живее.
Иван Митев, М-Нет