За првпат утре наставниците ќе одржат концерт во чест на патронот на ДМУЦ„Сергеј Михајлов“ во Штип

За првпат утре наставниот кадар ќе одржи концерт во чест на патрониот празник на ДМУЦ„Сергеј Михајлов“ Штип. На самиот концерт ќе настапат наставниците со композиции од познати автори, во дворот на училишетот со почеток од 17 часот. Директорот Горан Кавраков посочи дека ваквиот настан е дел од програмта за мотивирање на учениците и можност за слушање на професорите.

„По повод патронатот на нашето училиште кој го одбележуваме секоја година на 20 септември, ова година од оправдани причини концертот е поместен за утре 26 септември четврток со почеток во 17 часот во училишниот двор. Веќе сме спремни за првпат после години ќе настапат наставниците овој пат, со композиции од познати автори за разлика од минатите години каде нашите ученици беа дел од патронатот. Ова е еден дел од нашата програма на еден начин мотивирање на самите ученици да имаат можност да не слушаат нас како професори, како настапуваме на нашите инструменти кои ги предаваме и да уживаат и мотивирани за понатамошната програма која следува во училишната година. “ – изјави Кавраков

Кавраков упатува покана до сите штипјани да бидат дел од концерот кој ќе се одржи утре, а воедно се заблагодарува на наставниците кои ја имаа храброста да настапат утре.

„Би сакал да ги најавам професорите кои имаа храброст да се појават утре на патрониот празник тоа се Славица Деспотова, Тони Лазаров, Петар Трабоевиќ, Елена Ефремова, Елена Мирасчиева, Милан Коцев, Трајан Митев, Благојче Ристов, Даме Камчев, Тоше Поп Лазаров, Билјана Биларска и Никола Темелков. Ќе ја искористам ова прилика да ги поканам штипјани да бидат дел од нашиот патронат во нашиот училишен двор. Програмата е околу 40 минути мислам дека е доволно за одбележување на ваков значаен ден за нашето училиште.“ – додада Кавраков

Програмата организарана од страна на наставниот кадар е планирана да трае околу 40 минути, доволно време за одележување на еден значаен ден за училиштето.

Лаура Стојанова, М-Нет