За нецели четири години заминале над 120 вработени од Клиничка болница Штип

На денешната прес конференција на примопредавањто на функцијата директор на Kлиничка болница Штип се покрена прашањето за добивање решениjа за средниот медицински кадар. Поранешниот директор Ален Георгијев посочи дека одобрението од страна на Министерството за финансии е оставено во мирување поради изборниот процес во државата а истото било во процедура од почетокот на јануари

“Тоа е едно одобрение од страна на Министерството за финансии кое што беше во процедура во почетокот на јануари, меѓутоа поради почетокот и изборниот процес кој што беше во државата таа работа воопшто не беше почната беше оставена во мирување.“ посочи Георгијев

Според тековната ситуација Клиничка болница Штип располага со триесет и тројца вработени.

Некаде над 33 вработени се: пет доктори, осум медицински сестри и една акушерка, има десет болничари, осум хигиеничари и физиотерапевт еден има, значи тоа е околку над 30 вработени кои што веќе нели е дадена таа согласност од Министерството за финансии . Во делот на вработените можам да кажам дека персонално и тука слабо стоиме бидејќи од 2020 до 2023 година буквално немавме ниту еден вработен во КБ а заминаа над 120 луѓе по разни основи, пензија или други установи“ вели Георгијев

Од апсект на вработувањa во периодот од 2020 до 2023 година немало ниту еден нов вработен, а токму тогаш заминале над 120 вработени поради различни основи.

Лаура Стојанова, М-Нет