
Денес Владко Захариев официјално ја презеде функцијата дирктор на КБ Штип од страна на неговиот претходник Ален Георгијев. Тој вели дека главни приоритети ќе бидат формирање на Ургентен центар со цел граѓаните од Истокот да добијат побрза тријажа за да се обезбеди поквалитетна здравствена услуга, како и агресивното вработување на медицински и немдицински пероснал кој што ќе оди паралелно со изградбата на Клиничката болница.
„Главни приоритети што ќе бидат во наредните години е подобрување на пристапноста на Клиничка болница Штип во физички смисол, тоа всушност ќе се прават напори уште еден влез кој што ќе биде приоритетен за итните пациенти и пациентите кои што ќе доаѓаат да се лекуваат со Брза помош. Втор приоритет во наредните години ќе биде и формирање на Ургентен центар со тоа граѓаните во источна Македонија ќе добијат побрза тријажа а со самата побрза тријажа значи поквалитетна здравствена услуга. Агресивното вработување на медицински и немедицински персонал и нејзина едукација во наредните две- три години кои што ќе оди паралелно со изградбата на Клиничката болница“ вели Захариев
Ален Георгиев посочи дека од финансиски аспект болницата не е на завидно ниво бидејќи има сериозен долг кој трае веќе три години, а во делот на вработувањето исто така ситуацијата не е задоволувачка бидејќи во текот на 2020 па се до 2023 година немало ниту еден нов вработен, а за возврат на тоа заминале над 120 луѓе по различни основи
„ Ние разговаравме со новоназначениот директор на Клиничка болница Штип за ситуацијата во која се наоѓа КБ- Штип, значи знаеме за долговите на болницата кои се, кои се проблемите, кои се приоритетите што треба да ги преземе како директор. Јас еве, да ја искористам оваа прилика прво сега денес официјално да се заблагодарам на вас медиумите за оваа седумгодишна соработка коректна која што ја имавме во сите изминати седум години. Да се заблагодарам на сите вработени кои со својот ангажман помогнаа да КБ- Штип биде она кое што е овие седум години, на мојот колега д-р Захариев познавајќи го како хирург му посакувам успешен мандадат“ изјави Георгијев
Лаура Стојанова, М-Нет