
Во изминатиот месец март на подрачјето на СВР Штип нема регистрирано ниту една жртва од сообрајаќна незгода. Засилени акциски контроли се спороведуваат секојдневно, а возачи се казнуваат по разни основи. Во изминатото тромесечје најмногу казни се напишани за брзо возење, иднетично како и овој период минатата година.
„Санкционирани се вкупно 2711 прекршоци сторени од возачи кои ја пречекориле пропишаната брзина на движење, додека истиот период лани санкционирани биле 2100 прекршоци. Според статистичките податоци во наведениот период санкционирани се вкупно 320 прекршоци за управување возило под дејство на алкохол, а истиот период лани санкционирани биле 241 прекршок“ – кажа Панајотова.
Санкции се пишуваа за прекршоци сторени од страна на пешаците во сообраќајот, а за недавање првенство на пешаците од страна на возачите напишани се 94 санкции повеќе споредбено со истиот период лани.
„За прекршоци сторени од пешаци во изминатото тримесечје изречени се вкупно 303 мерки, споредбено со истиот период лани кога биле изречени 74 мерки. За недавање првенство на пешаци од страна на возачи изречени се 95 мерки, а лани само една“ – додаде Панајотова.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на наредните денови. Од СВР Штип апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.
Лаура Стојанова М-Нет