
Завршен проектот за изградба и реконструкција на главниот потесен водовод во Кочани во должина од 2,2 километир. На настанот денеска заедно со Локалната самоупрва Кочани, присуствуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Градоначалникот Љупчо Папазов истакна дека ваков прокет се работи еднаш во пет децении и е од огромно значење за кочанчани.
„Добиваме еден стабилен систем за водоснабдување, ги намалуваме загубите и во делот на можноста за земјоделците да пристапат до своите површини и наводнувањето на истите. Обврската на Општина Кочани е да ја спроведе постапката за експропиријација на трасата по која се изведуваше проектот и обврска ќе биде заедно со изведувачот на работите да се вратат парцелите во првобитната состојба.“ кажа Папазов.
Папазов упати и јавно извинување до граѓаните, бидејќи беше најавено дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до 17 часот, а истото беше продолжено. Тоа се должи на исклучително тешките услови за работа, додаде Папазов. Мицковски пак во оваа прилика им честиташе на градоначалникот и на директорот на КЈП Водовод за завршената работа и за придонесите кои се прават за граѓаните на Кочани.
„Тука бевме на почетокот на активностите, некаде во декември месец, еве сега сме во април месец и можеме да кажеме дека за четири месеци е изведена целата траса и сите техничко технолошки зафати кои се неопходни за да се добие една функционална целина. Општината исто во административните работи беспрекорно ги завршува своите активности. Очекувам да се продолжи и понатаму со реконструкција на водоводниот систем“ – додава Мицкоски.
Инвестицијата е вредна околу 4, 5 милиони денари.
Лаура Стојанова М-Нет