За десет дена во вакциналниот пункт во Штип вакцинирани над десет илјади граѓани

За десет дена вакцинирани над 10 илјади граѓани во вакциналниот пунк Јордан Мијалков во штип, граѓани од Источниот и струмичкиот регион. Старосната граница сеуште е над 60 години, а заинтересираност има. Тоа може да се забележи и по сликата на редица однадвор и граѓани кои чекаат да бидат вакцинирани.

„Десети ден како фукционира регионалниот центар и имаме извакцинирано 10 200 пациенти од целиот регион и 1 007 пациенти во Здравствениот дом. Заинтересираноста е мнгу голема“ – истакна директорката на Здравствениот дом во Штип, Снежана Трајковска.

Граѓаните кои веќе примале вакцина, засега без несакани ефекти.

Вакцини има доволно, а во континуитет пристигнуваа нови така да не би имало простор за застој во процесот на имунизација. Истоа така, досега освен еден колапс на пациент други нескани ефекти од кинеската вакцина нема, посочи директорката на здравствениот дома, Снежана Трајковска. Дополнително посочувајќи дека за годишните одмори ќе се води сметка да не дојде до застој на процесот на вакцинација.

Со најавите за отварање на нов вакцинален пункт и во струмичкиот регион, Трајковска вели дека притисокот во овој вакцинален пункт ќе биде намален.

Лаура Стојанова М-Нет