За две години многукратно зголемен буџетот во образованието и науката, тврди министерката Весна Јаневска

За само две години многукратно зголемен буџетот во образованието и науката, тврди министерката Весна Јаневска. Според неа, средствата речиси се удвојуваат, со што државата сериозно инвестира во знаењето. Целта, како што посочи, е достигнување европски стандарди.

,,Ние можеме да се пофалиме дека во овие две години многукратно е зголемен буџетот и за образование и за наука и едноставниот и воочлив пример е 2022 година 2,9 милијарди, 2026 7, 7 милијарди, значи за шест години ние речиси двапати ќе го зголемиме буџетот како за образование , така и за наука, со што со тек на време се надеваме дека ќе ги постигнеме вропските стандарди. Но, она што треба јасно да се дефинира дека не секоја научна област изискува еднакво средства за научно истражувачка работа, на пример во општествените науки, тоа не велиме ние, тоа светот го признал, потребни се помалку средства, отколку да речеме во земјоделието, медицината, во машинството.“, рече Јаневска

Јаневска посочи дека 11 000 евра годишно, добива секој член на академската заедница, пари за наука. Според нејзе тоа не е огромна сума, но е силен напредок во однос на минатото.

,,Министерството направи една анализа, која покажува дека 11 000 евра годишно добива секој член на академската заедница, пари за наука. Тоа не се огромни пари, тоа не е нешто што ние можеме да се фалиме, но тоа е силен напредок во однос на минатото, каде што тие средства биле сведени на минимум. Државата има вложено во лаборатории, државата лани даде огромен број за наши услови проекти 45 прокети, со кој што ќе можат да се обноват лаборатории, да се купи апаратура. Ако продолжиме со ова темпо, ние навистина во рок од неколку години ќе успееме да го достигнеме саканиот ефект.“, додава Јаневска

Инаку, таа децидна дека ако се продолжи и во иднина со ова темпо, во рок од неколку години ќе може да се достигне посакуваниот ефект.

Иван Митев, М-Нет