
Со црковно-народен собир, палење свеќи и верски обреди, жителите од населбата Трајаново Трло во Кочани го одбележаа празникот Митровден. Одбележувањето се одржа кај новоизградениот параклис кој го носи името на светецот Димитриј Солунски. Верниците на собирот, кои има само пофални зборови за иницијативата, велат дека ова е од особено значење за населбата.
Новиот црковен објект почна да се гради пред краток временски период, а од кочанското архиерејско намесништво упатија благодарност до верниците за иницијативата и донациите што се обезбедени за изградбата. Велат дека ќе треба уште време за да биде завршено, но градбата се движи во добра насока.

Параклисот почна да се гради на 24 октомври, кога беше поставен и камен темелникот. Досега се завршени голем дел од работите, меѓутоа се планира да биде и уреден со парк за верниците и жителите од населбата Трајаново Трло во Кочани.
Ребека Спасова М-Нет