Жител на Чешиново палел стрништа и нападнал полицаец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против П.М.(64) од с.Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 03.03.2020, на место викано „Кула“, во атар на с.Чешиново, ја загрозил сигурноста на полициски службеник од Кочани, на тој начин што замавнувал кон него со железен предмет, упатувајќи притоа сериозни закани по неговиот живот, откако полицискиот службеник, кој бил на службена должност, го затекнал пријавениот како потпалува стрниште во нива.