
Македонскиот ултрамаратонец Жикица Ивановски запиша историски успех за македонскиот спорт, откако успеа да ја заврши легендарната ултра планинска трка „Tor des Géants“ во Италија – една од најтешките и најпредизвикувачки трки во светот.
Ивановски помина 330 километри низ Алпите, со повеќе од 24.000 метри висинска денивелација, борејќи се со тешки временски услови, непредвидлива планинска клима и екстремни физички предизвици. Огромната дистанца натпреварувачите мораа да ја совладаат за помалку од 150 часа, а статистиката вели дека само околу 40% од стартувачите успеваат да стигнат до целта.
Жикица Ивановски е првиот Македонец кој успешно ја завршил оваа епска авантура, со што се впиша во светската ултра тркачка елита.
„Tor des Géants“ не е само трка – тоа е борба со себе, природата и времето. Ивановски покажа дека македонскиот спорт има вистински гиганти кои можат да се носат со најголемите предизвици.
Александар Ванев, М-Нет