Живот како во 17 век, жителите од село Црвулево, карбинско, оставени без вода за пиење

Во 21 век жителите во село Црвуљево живеат без вода за пиење. Четири дена го полнат резервоарот од природна вода која извира во близина на селото за еднаш до двапти во неделата на чешмите да протече вода. Преку пораки оставени на бандерите известуваат кој ден ќе има вода за да се завршат основните потреби.

„Од името на жителите од село Црвуљево, ги покануваме како прво Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, градоначалникот на Општина Карбинци – Виктор Паунов и директорката на претпријатието, ќе ги угостиме со се ама со вода не оти вода немаме.“ – вели Митров.

Дел од жителите му помагаат и на ЈП Плачковица. Самостојно се грижат за цевките низ кои тече вода, поправаат дефекти само за да има капка вода на чешмите. Ама повеќе од честопати се соочуваат со искршени катанци, затнати цевки, уништена водоводна линија. Бараат поголема ажурност од надлежните за крај на ваквиотпроблем кој се провлекува со години.

„Воедно ги поканувам надлежните органи да преземат нешто и да го откријат сторителот. Се работи за запушување на главната линија од каде пиеме вода.“ – вели Горгиев.

Сами носеле песок по тесна и стрмна патека долга повеќе од еден километар за да го заштитат изворот на вода. Ги заштитиле и цевките кои минуваат низ реката, за денеска да живеат во лоши услови без вода за пиење.

„Кога се правеше овој водовод ние тука јас со моето магаре носев песок да се прави оваа каптажа тука, ама сеа дојде криза вода нема.“ – вели Стојанов.

Од КЈП Плачковица истакнаа дека се запознаени со проблемот и екипи се на терен и денска. Апелираат до жителите да ја чуваат водата за да може да ја имаат. Директоркара Коцева вели дека се чека дозвола за користење на водата од ХС Злетовица со што проблемот ќе биде минато.

Дека на терен се излегува секогашкога има пријава истакнаа и од СВР Штип, додавајќи дека секогаш се работи на безбедоста на граѓаните и решавање на нивните проблеми.

Лаура Стојанова М-Нет