
Со страв дека во секој момент кровот може да се сруши, во мизерни услови и со едвај средства за еден скромен ручек живеат Владимир и неговото семејство, но и неговите соседи. Пред камерите на М Нет телевизија тој раскажува како едвај врзува крај со крај. Не зема социјална помош, а за неговите проблеми слух немаат ниту надлежните во Општина Кочани, додава тој. Работи приватно за да му овозможи барем еден ручек на неговото семејство.
„Ние сме невработени, не земаме ниту социјална помош. Работам во приватна фирма и така вадеме пари за ручек. Граѓаните на Кочани не помагаат. Милион пати бевме и во општината и ние и соседите ама државата интерес за нас нема“ – вели Владимир.
Идентична е ситуацијата и на Тајфур кој живее во истата барака во Владимир. Вели секојдневно се молат да го преживеат денот и да не им се сруши кровот над глава.
„Катасторфа, еве гледате сѐ е катасторга, ќе ни падне кровот, немаме купатило, немаме каде да спиеме. Бев во Собранието ми велат ти нема што да кажеш овде“ – вели тајфур.
Двете семејства бројат по седум челна. Двегодишно дете е најмалиот член кој живее во ваква катасторфална ситуација. Соседите бараат помош од хуманите граѓани, ако можат да им помогнат за подобри услови за живот.
„Ако може да ни дадат некоја помош, да ни направат некое добро, хигиенски работи, тоалет, чисто да ни биде и животот да ни биде подобар“
„Што имаат тоа, колку можат толку да ни помогнат“
Дел од децата одат и на училиште. Разочарувачки е фактот дека децата јадат само кога за тоа дозволуваат условите, во спортивно денот го минуваат без храна. Храна, облека, хигиенски средства се најпотребни за подобар живот на овие жители во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет