Женската фудбалска репрезентација на Македонија против Косово, селекторот Андов го објави списокот на фудбалерки

ФОТО: ФФМ

Македонската женска фудбаска репрезентација во петок на домашен терен ќе се соочи со селекцијата на Косово во првото коло од новото издание на Лигата на нации.

Македонската селекција предводена од Александар Андов се наоѓа во групата 6 од сегментот Ц со репрезентациите на Косово и Летонија. Натпреварот против Косово ќе го пропушти нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, а останатите фудбалерки вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги започнаа подготовките за дуелот против Косово, но и за новите предизвици кои се пред фудбалерките во Лигата на нации.

Селекторот Александар Андов го објави списокот со повикани фудбалерки. На голманската позиција се повикани Берна Кабакчи, Викторија Панчурува и Кристина Павлоска.

Во одбраната се Ана Милчевска, Ане Бошевска, Павлинка Николовска, Елена Панеска, Бојана Петкова, Сара Коларовска, Викторија Недева и Александра Јовановска.

Во среден ред се Хава Мустафа, Александра Марковска, Симона Ребека Меијер, Ленче Андрееска и Икмете Лимани.

Во нападот се Јилза Максути, Гентијана Рочи, Лора Сулејмани, Јована Павловска, Марјана Нацева и Билјана Панева.

Натпреварот се игра во петок со почеток од 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет