
Започна доставата на решенија за данок на имот во Општина Штип. Близу 18 илјади решенија ќе се достават само до физички лица, а општината оваа година очекува да собере околу 60 милиони денари. Со парите кои општината ги собира по основ на данок на имот се инвестира во капитални проекти, инфраструктура, патишта, улици, булевари и слично.
„Општина Штип започна со достава на решенијата за данок на имот за 2025 година. Ќе се достават 17 900 решенија за физички лица и 437 решенија за правни лица. Вкупно општината очекува од данок на имот оваа година да собере околу 60 милиони денари.“ – вели Каров.
Во меѓувреме тече и процесот за ажурирање на податоците на граѓаните. Ова се прави на шалтерите во самата опшина. Дополнително се аплира граѓаните да оставаат и свои емаил адреси со што наредната година наместо на домашна адреса решението за данок на имот да пристига по електронски пат. На ваков начин ем полесно ќе се дпставуваат решенијата, ем ќе се олесни работата на општината.
„Во однос на ажурирањето на податоци, процесот кој го започнавме од оваа година ги повикувам граѓаните во текот на 2025 година ги ажурираат своите податоци на шалтерите во Општината и да доставваат меил адреси, како во 2026 година би преминала кон достава на решенијата на маил и би се олеснила и работата на општината и доставата на решенијата“ – додава Каров.
За разлика од претходната година, општината годинава очекува да собере шест милиони денари повеќе. Праксата од претходните години вели дека даночните обврзници од година во година се подобруваат, а заклучно со 15 ноември годинава треба да биде платен данокот на имот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет