Жарко Арсовски: „Има позитивна енергија, спремни сме и се надевам на голем успех на ЕП во Карате“

Денес во хрватското приморско градче Пореч започнува Европското Карате првенство кое е 56 – то по ред и на кое во друштво на најдобрите европски селекции се наоѓа и македонската репрезентација предводена од селекторот Сашко Арсовски.

Во составот на нашата селекција се наоѓат и штипјаните, европскиот првак Емил Павлов кој ќе настапи во поединечна и во екипна конкуренција и Жарко Арсовски кој ќе настапи во екипна конкуренција. Веќе е одредена и ждрепката за настапите на нашите репрезентативци, Емил Павлов во кат. – 60 кг, утре, четврток ќе се сретне со Павле Дујаковиќ од БиХ.

Воедно утре свој настап ќе има и македонската екипна селекција во чиј состав е Жарко Арсовски, а противник ќе им биде селекцијата на Шпанија и во случај на победа Македонија ќе ги продолжи натпреварите во петок. Женската екипна селекција на Македонија во првото коло ќе се сретне со Италија. Покрај каратистите во Кумите (борби) нашата селекција ја преставуваат и натпреварувачи во Ката. Инаку според информациите од Жарко Арсовски расположението кај сите наши репрезентативци е на мошне завидно ниво со позитивна енергија,нема повредени и сите очекуваат постигнување на голем успех.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk