
Жаклина Филипова Свеќаровска е новиот кандидат од Левица за градоначалник на Кочани. Актуелниот советник во Советот на Општина Кочани ќе се вклучи во трката за највисоката функција во општината, а се соочува со четворица други кандидати – двајца независни, како и претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Покрај во Кочани, политичката партија Левица, вчервачер ги објави имињата и во останатите општини. Во Берово кандидат за градоначалник е Мирче Кировски, кој ќе се бори за довербата на граѓаните со нови идеи за развој на оваа општина, додека во Пехчево – Невенка Тренчевска, која ќе ја понуди исто својата визија за иднината на општината.
Исто така, до полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на советите во рамки на Локалните избори закажани за 19 октомври 2025 година.
Иван Митев, М-Нет