
Бројот на вработени лица во ЈП „Стипион“ за сега ги задоволува потребите на граѓаните, но тенденција е нивниот број да се зголеми истовремено и нивната плата. До овој заклучок дојде новиот вд директорот на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов, кој беше гостин во нашата емисија Зум Анализа, откако забележал дека се повеќе од работниците го напуштаат работното место заради ниските примања. Според него голем број од вработените не само што го напуштаат работното место, туку подобар живот за себе бараат и надвор од државата.
„Во оовј момент во јп „Стипион“ има точно 94 вработени, голем дел од вработените се со решенија, меѓутоа има 17 мислам кој што беа преку Агенцијата за привремени вработувања. Сите овие вработени, најголем дел, оние кои што ги гледаме по улиците според мене земаат и многу мала плата која што додколку се создадат услови да се подобри финансиската состојба на претпријатието, мислам дека би можеле да издејствуваме да им ја покачиме платата на оние кои се секојдневно по улиците“ – кажа Ефтимов.
И додека од една страна се прават напори за покачување на платите на вработените, од друга страна тенденција е намалување на цента за винетките за паркинг услуга. Ефтимов не кажа конкретно кога и за колку ќе биде намалена цента, но истакна дека во нивното план овоа веќе е прдвидено.
„Во овој момент сме во размислување за промена на цената на паркинг услугите, но зборуваме за годишните и месечните винетки. Месечната цена изнесува 10 % од годишната цена за оние кои што ја купуваат винетката. За вработените во овој момент е 4000 денари, за дистрибутерите 5 000 денари, а општата паркинг картичка е 6 000 денари. Во план сме да ја намалиме“ – додаде Ефтимов.
Од понеделник започнува и нов начин на наплата на паркинг услуга, најави Ефтимов. Имено на паркинг платформите во Штип граѓаните ќе може така наречени грепки да си купуваат директно од вработените лица кои ќе бидат присутни на самите платформи. Останува и стариот начин на плаќање односно со смс порака или грепка купена од најблиското продажно место.
Лаура Стојанова М-Нет