
Штипјани со поделени мислења во врска со новонајавениот систем за плаќање патарини. Дел од возачите ја поздравуваат најавената мерка, надевајќи се дека со нејзиното воведување ќе се намалат гужвите и сообраќајниот метеж, а наплатата ќе се приближи до европскиот начин на користење на автопатите. Други, пак, изразуваат загриженост дека новиот систем ќе ги зголеми досегашните трошоци за патување.
Дигитализацијата, пак, дел од штипјани ја оценуваат како позитивна промена, сметајќи дека електронската наплата ќе придонесе за побрз проток на возила, намалување на гужвите и избегнување на чекањето на наплатните рампи.
На вчерашната најава, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, порача дека Македонија мора да ги прифати предизвиците на новото време, посочувајќи ги дигитализацијата и вештачката интелигенција како важни чекори кон развој и модернизација на државата.
Ева Тушевска, М-Нет