
Екипата на ФК Еуромилк ГЛ направи промена на тренерската позиција во пресрет на продолжението од сезоната во Третата лига Север, каде што тимот моментално ја држи лидерската позиција. Од клубот официјално соопштија дека нов шеф на стручниот штаб е Јован Трајков, кој од денеска го презема водењето на тимот.
Во кратката објава, клубот му посака топло добредојде на Трајков, изразувајќи надеж дека со заеднички сили ќе се продолжи успешниот резултатски низ и ќе се остварат зацртаните амбиции, пласман во Втората лига.
Воедно, од Еуромилк ГЛ упатија благодарност до досегашниот тренер Зоран Божиновски за неговиот ангажман и придонес во досегашниот дел од сезоната, посакувајќи му многу успех во понатамошната кариера.