
Есенскиот шампион во Трета лига – Север, екипата на Шкендија Арачиново, продолжува со подготовките за пролетниот дел од сезоната, претставувајќи ново засилување за пролетната борба за потврдување на првото место и обезбедување на баражот за Втора лига.
На тимот му се приклучи 21-годишниот Ертан Демири, кој доаѓа од редовите на БВК Коњаре. Демири, кој е по потекло од Шкупи, настапуваше за БВК Коњаре од февруари 2023 година, покажувајќи солидни партии на теренот.
Со ова засилување, Шкендија дополнително ја зацврстува својата екипа, која претходно ги доведе и Мргим Дани, Бесир Бафтијар и Фикрет Љиварека. Од друга страна, тимот се раздели со Елмир Алији, што беше дел од претходните промени во составот.
Александар Ванев, М-Нет