Емил Павлов веќе не е советник во Советот на Општина Штип

Емил Павлов од денеска не е советник во Советот на Општина Штип. Ова го соопшти претседтелката на Советот на Општина Штип, Весна Кожинкова на седмата редовна седница. Имено, Павлов на 11 февруари си поднел писмена оставка од оваа функција, и откако истата помина на денешната седница, од денеска 14 февруари тој повеќе не е во редот советници.

Го прашавме и Емил Павлов на што се должи оваа оставка. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека максимално ќе му се посвети на спортот.

„Така е, на 11 февруари поднесов писмена оствка до Претседателот на Советот на Општина Штип. Ова е пред сѐ од лични причини, бидејќи согласно мојот последен успех ми се зголемени обврските на поле спорт и не можев максимално да се посветам на работата како советник во Советот на Општина Штип. Од сега останувам само во спортот, трудејќи се да остварам што е можно подобри резултати“ – кажа Павлов.

За Емил Павлов ова беше прв мандат како советник во Советот на Општина Штип по завршување на Локалните избори во октомври минатата година. Беше дел од Истиот на одржаните шест редовни седници на Совет од редовите на СДСМ. Инаку, Павлов годинава беше повторно избран и за спортист на годината за 2021 година во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет