Штип конечено ќе се приклучи на ХС Злетовица, потписот треба да „падне“ утре

После 10 години откако е започнат проектот за водоснабдување преку Хидро системот Злетовица, конечно се добиени сите документации, денес одлуката едногласно со 21 глас за помина и на седница на Советот на Општина Штип, што значи дека оваа недела штипјани ќе пијат вода од ХС Злетовица.

„После повеќе од десет години откако е започнат прокетот за водоснабдување преку ХС Злетовица, вложени се над пет милиони евра во преадаптација на филтер станицата, опремена е со најсовремена технологија, исто така сите анализи и подготовки покажаа дека водата е со одличен квалитет, обезбедени се сите дозволи од инспекции, така да со објавување на одлуката на Советот на Општина Штип во службен гласник ние ќе го потпишеме договорот. Ако одлуката излезе утре и дговорот ќе се потпише утре“ – кажа Здравков.

Одлуката беше поздравена и од страна на советниците на опозициската СДСМ, кои во целост ја поддржаа истата, и гласаа за нејзино донесување.

„Ќе гласам за оваа предлог одлука, затоа што јас барем лично и емотивно сум врзан за овој процес, бидејќи 15 години ја следев изградбата на регионалниот водоснабдителен систем“ – кажа Бојаџиски.

Инаку по приклучувањето на Штип на ХС Злетовица ова ќе биде единствениот град во Истокот кој ќе има можност за водоснабдување од две места. Истовремено, со овој приклучок бунарското водоснабдување ќе се намали, а со тоа ќе се намали и потрошувачката на електрична енергија и енормните сметки за истата.

Лаура Стојанова М-Нет