Експресно приведен насилникот од радовишко Калуѓерица по објавеното видео

ОВР Радовиш експресно го приведе насилникот од радовишко Калуѓерица, по објавеното видео на М Нет телевизија во кое се гледа дека физички малтертира родител и насилно оштетува куќа на сосед.

Надлежните превземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе информации за случајот се очекуваат во наредните денови.