
Во рамки на 17. коло на Втората футсал лига ќе се одигра супер дербито меѓу Мал Ајакс и Овче Поле од Свети Николе, дерби за влез во Првата футсал лига на Македонија.
Ова е соочување на лидерот Мал Ајакс и второпласираниот тим на Овче Поле, бодовната разлика е пет бода со тоа што Мал Ајакс има 39 бодови, а Овче Поле 34 бодови.
Двете екипи имаат отворени амбиции и сакаат влез во Првата футсал лига. Мал Ајакс игра одлично оваа сезона и сака да се врати во елитата, а пак Овче Поле кој лани испадна од Првата лигата сака да направи експресен кам-бек.
Трите бодови во Штип се од капитална важност и за едните и за другите. Првите две места директно водат кон Прва лига, па Мал Ајакс кој е лидер со триумф ќе биде речиси сигурен прволигаш, а пак тимот од Свети Николе ќе мора да триумфира, со цел не само што ќе го сочува второто место туку ќе се доближе значително до првото место и финишот од сезоната ќе понуди супер интересна завршница.
Натпреварот е закажан за понеделник со почеток од 18 часот, а ќе се игра во Спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип.
Александар Ванев, М-Нет