
После долги години изграден е нов модерен и пробз експресен пат, кој ќе претставува вистинска можност за граѓаните од Источниот и југоисточниот регион да уживаат додека патуваат. Пуштањето на првата делница од експресниот пат Штип Радовид причина за денешниот прес на СДСМ.
„Деновиве беше пуштен во употреба новиот експресен пат Штип-Радовиш, каде комплетно е завршена првата фаза во должина од 23,56км од клучката Штип Југ до Бучим. Изградбата на овој експресен пат е со вредност од 54 000 000 евра, со што после завршувањето на првата фаза, во тек е втора фаза, која се очекува да се пушти во употреба до Септември 2022г. Изградбата на овој пат има исклучително влијание врз развојот на економијата во југоисточниот дел на земјата и ќе придонесе за рамномерен регионален развој побрз транспорт на стоки, услуги и луѓе и претставува еден од најзначајните проекти за граѓаните на југоисточниот регион и граѓаните на Штип.“
За подигање на безбедноста во сообраќајот граѓаните добија нов модерен експресен пат по европски стандарди, посочи Рамбабова.
„Владата предводена од СДСМ останува силно фокусирана во развојот на инфраструктурата на државата и инвестира во просперитет на иднина за сегашните и идните генерации. Модерната патна инфраструктура ќе биде од големо значење за сите граѓани за струмичкиот, штипскиот, кочанскиот и радовишкиот регион. Како одговорна партија, градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните со што продолжуваме со инвестиции кои поттикнуваат развој на државата и обезбедуваат поквалитетен животен стандард и позабрзан економски раст и развој.“
Од СДСМ посочија дека и во иднина ќе се продолжи со вакво темпо на голми капитални инвестиции со цел граѓаните да живеат во нови модерни и по европски стандарди.
Лаура Стојанова М Нет