Еднократна парична помош и секаков вид поддршка нуди Општина Штип за семејството Зикови кои добија четворка

Еднократна парична помош, како и дополнителна морална, финансиска и секаков вид поддршка ќе следува од Општина Штип за семејството Зикови кои добија четворка. Градоначалникот Иван Јорданов посочи дека откако ќе оствари контакт со семејството и ќе се запознае со нивниот економски статус дополнително ќе се носи одлука на каков начин ќе следува поддршка.

„Морам да истакнам најпрво дека со радост ја примив веста и информацијата. Еднократно парично ќе помогнеме како општина до семејството, но и дополнително ќе ја искористам приликата во текот на денот да искомуницирам со членовите на семејството за да се запознаеме со економскиот статус на семејството и потребата од дополнителна поддршка.“ – вели Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека не станува збор за хуманитарна акција туку поддршка која е неопхподна во оваа ситуација.

„Јас не би сакал ова да биде хуманитарна акција, туку да дадеме и морална и финансиска поддршка.“ – вели Јорданов.

Штипјанката Зикова со своите четири бебиња се уште се наоѓа на клиниката во Скопје и се во добра здравствена сосотојба.

Лаура Стојанова М-Нет