Едно лице приведено од страна на полициски службеници од ПС Штип поради превоз на мигранти

На 09.04.2021 околу 16.30 часот полициски службеници од Полициска станица Штип го лишиле од слобода Ј.Ш.(39) од с.Башино село, велешко, бидејќи при извршена контрола и преглед на патничко моторно возило „рено меган“, со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека превезува две лица-мигранти од Мароко. Ј.Ш. е задржан во полициска станица, додека лицата-мигранти се сместени во Прифатно-транзитен зентар „Гази Баба“ за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.