
Во угостителски објект во Штип во лифт, едно лице почина, а второ се бори за живот во Клиничка болница- Штип. Надлежните од СВР Штип потврдуваат за трагедијата, која се случи попладнево во угостителски објект во Штип. Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори. Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.