Едно лице нападнато со остар предмет во двор на ул.„Косовска“ во Штип

На 02.02.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Штип, Т.Џ.(38) од Куманово пријавил дека во двор од куќа на ул.„Косовска“ во Штип бил нападнат со остар предмет од А.Н.(57) од Штип. По комплетирање на случајот против А.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.