„Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар“, вели Лефков

„Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради неспособноста на СДС, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши.

Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода.

Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење“, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот (Видео) „Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар“, вели Лефков е превземен од МАКФАКС.