Одбојкарката Симона Тасева останува верна на штипски Младост УГД

Штипскиот прволигаш Младост УГД ја продолжи соработката со Симона Тасева која игра на позицијата либеро и за сезона 2026/2027. Тасева и во новата сезона ќе биде важна алка во тимот на Младост УГД за предизвиците во Првата одбојкарска женска лига.

Тасева беше дел и од кадетска екипа која го освои сребрениот медал, покажувајќи голем потенцијал, борбеност и посветеност.

„Оваа сезона добива и реална шанса да биде дел од првата екипа, да напредува и да се наметне со својата игра меѓу најдобрите. Веруваме во младите, веруваме во нејзиниот потенцијал и со нетрпение очекуваме да го видиме нејзиниот следен чекор“, велат од Младост УГД.

Дресот на штипскиот клуб во новата сезона ќе го носат Сара Стојанова, Мила Вакувска, Анастасија Петрушева, Стефанија Кипријановска, интернационалката од Босна и Херцеговина Марија Батиниќ, Андреа Митиќ, Тијана Пирова, Надица Пирова и Моника Костовска.

Александар Ванев, М-Нет