
Одржан состанок помеѓу претставници на членките на Европската Универзитетка Алијанса во просториите на Ректоратот “Гоце Делчев“ во Штип. Во самиот проект се предвидени мобилности за студентите и за професорите. Целта е студентите по завршувањето на академското образование да добијат дипломи, кои ќе бидат признати ширум Европа.
„Самиот проект предвидува огромен број на мобилности за студентите, огромен број на мобилности за професорите, спојување на истражувачката инфраструктура на задничка работа на проекти. Се работи за универзитети кои што навистина имат што да понудат и од аспект на истражување, и од аспект на квалитет на настава. Крајната цел би било да нашите студенти имаат дипломи кои што ќе бидат буквално една диплома-европска диплома.“ вели Мираковски
Градоначалниот Јорданов е дециден дека оваа соработка во иднина може да придонесе за зголемување на капацитетот во Универзитетот, а истовремено ќе биде и од особено значење за целото општество
“Оваа соработка ќе овозможи пренос на знаење, повеќе искуства и развој на целото општество. Имајќи во предвид дека предвидува инвестирање, вложување во наставната програма која што сум сигурен дека ќе вроди со зголемен капацитет на Универзитетот „Гоце Делчев“ а со тоа и повеќе млади луѓе кои што ќе се стекнат со соодветна компетенција.“ посочи Јорданов
Ректорот на Политехничкиот универзитет во Португалија посочи дека со инвестирање во подобар едукативен систем се придонесува за подобра иднина на сите. Верува дека оваа соработка ќе придонесе за подигање на иновацијатаи претприемништвото во општествата.
„И од тука веруваме дека со подобро образование и подобар едукативен систем ние можеме да обезбедиме подобра иднина за сите нас. Ние како Алијанса пред се веруваме во промоција односно се бориме за промоција на иновацијата се разбира, и на соработката и веруваме сите овие работи ќе придонесат токму за подигање на иновацијата и на соработката меѓутоа и на претприемништвото во овие општества.“ изјави Мутао
На состанокот присуствуваа ректори и проректори и други претставници од девет универзитети од Алијансата, меѓу кои универзитети од Португалија, Австрија, Романија, Шпанија,
Литванија, Летонија, Полска, Германија и Македонија.