
Подд мотото Агро -наука и пракса“ во просториите на Земјоделскиот факултет во Штип се организираше стручна научна дискусија. Традицонално како и годините наназад се прави спој помеѓу науката и праксата. Целта е да се промовираат научните достигнувања и практичните знаења во дадените тематски области.
„Ќе ставиме акцент на пленарни, панелни дискусии во однос на дигиталната ера, односно дигитализаицијата што тоа значи за една добра земјоделска пракса од една страна. А од друга страна што значи производство на ароматични зачински, лековити растенија во денешно време, нивна преработка добивање производи и за која цел и намена можат да се користат.„ вели Арсов
Една од темите која се најде на денешното советување е целта и примената на дроновите која има огормна улога во земјоделството.
„Да, една од темите на денешното советување е токму и дроновите. Зошто нивна примена, и која е нивната цел, кое е нивното економско значење во прихрана во заштита на растенијата во различно раситетлно производство.“
Моментално ситуацијата со оризот е далеку од задоволувачка бидејќи се гледа дека производството е во рецесија. Поради несоздавањето квалитетни сорти на ориз сега се увезуваат сорти од Турција, Италија, Грција.
„Оризот остана исто така без посебно внимание од страна на досегашните влади и почна да пропаѓа културата. Не се зодаваат отвпорни сорти, не се создаваат квалитетни сорти. Немаме укажување поддршка на земјоделците околку примена соодветни заштитни мерки за плевени болести и штетници. Се увезуваат сорти неконтролирано од Република Турција, од Италија, од Грција,„ посочи Каров
Овој настан е всушност еден од начините за презентирање за достигнувањата во науката. Целта на самиот настан е да ги инволвира сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на нивното знаење, искуство и проблеми.
Лаура Стојанова, М-Нет