
По 1360 денари просечно заштедило секое четири члено семејство од ограничените маржи и намалеи цени на дел од производите за еден месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши истакна дека ваквата заштеда е само за оваа мерка, а кога би се зело во предвид повеќето граѓаните на месечно ниво заштедли вкупно 3000 денари. Додава дека тоа го потврдуваат и податоците на синдикатите.
“Нашите податоци покажуваат дека, искажано во заштеда пари за едно четири члено семејство на месечно ниво заштедата од ограничените маржи и намалените цени на дел од прозиводите изнесува до 1360 денари по семејство. Во зависност од начинот на исхранта. Овде треба да напоменам дека во измината недела кажам дека мерките што ги донесовме со истите граѓаните заштедиле околу 3000 денари, а тука сега се зборува само за една мерка. Тоа го потврдуваат и податоците на синдикатите од нивната синдикална кошница, каде што во октомври во делот на храна и пијалоци е намалена за 935 денари, а тоа укажува дека мерките дале резултати и цената за храната за еден месец е намалена.“, истакна Дурмиши
Она што е предвидено за наредниот период е дека ќе има мерки за божикните, рамазанските и велигденските празници, во зависност од тоа што најмногу се троши во тој перипод.
“Во наредниот период како што најавивме ќе има божикна кошница, рамазанска, велигденска. Овие кошници ќе имаат различен состав на производи во зависност од тоа што најмногу се троши во тој период. И во дијалог со производителите и со трговците ова мерка ќе ја креираме да биде во интерес на сите и да биде лесно премлива. Значи цело време сум на состанок со производителите и дистрибутерите и со сите други засегнати страни, за на крај кога ќе донесеме одлука и наредна мерка во влада значи да биде и интересот на граѓаните, заштеда за животниот стандард, но и да не направиме штета на производителите и на дистрибутерите.“, додава Дурмиши
Она што од денеска настапува е одмрзнување на цените, па по тој повод министерот истакна дека нема да очекува зголемување на цените од страна на трговците. Доколку се дојде до покачување на истите без никаква основа, тогаш министерството ќе ги превземе сите мерки кои што ги има на располагање и ке зеде по ригорозни одулки се со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните.