Леб, вино и пченица потребни за да се назначи Задушница, штипјани утре ќе ги посетат почивалиштата на блиските

Леб, вино и пченица се потребни за да се назначи денот на мртвите или во народот познатата Задушница. Граѓаните на Штип веќе од изутринава подготвени за одбележувањето, велејќи дека денес раздаваат за нивните покојни, а рано утре ќе ги посетата нивните вечни почивалишта. Додаваат дека со ова тие им оддаваат почит длабоко во себе.

“Најважна е пченицата и лепчето и вино, тоа е најважно, додека другото е секој кој што сака. Па локум обавезно со лепчињата, тури малечки и внатре ставете локумче .“ велат граѓаните

“Лепчиња тие млаите тутрички, локумче, алва денеска е посно, утре треба да е мрсно, денеска е мртвен, додека утре е задушница.“, истакнаа граѓаните

„Вообичаено е кога се оди на гробишта да се запале свекичка, некој варат пченица.”, додаваат граѓаните

Со ваквото дело, граѓаните истакнаа дека се верува дека има задгробен живот, а храната оди во чест на починатите, бидејќи како што додаваат душата вечно живее.

„Па веруваме дека има некој задгробен живот“, велат граѓаните

“Веруваме дека оди кај умрените, ама најбитно е лепчето да се даде, пченицата и виното.“, додаваат граѓаните

Инаку, митровденска задушница се празнува секогаш во саботата пред празникот св. Димитрија. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

Лаура Стојанова, М-Нет