
Овој викенд се одиграа натпреварите од 15. коло од Трета лига – Запад. Вчера во воведниот меч Дрита со 4:1 славеше над Камјани, откако за домашниот тим Дико беше стрелец на три гола, а Алили беше стрелец на првиот гол. За гостинот Муслији беше единствен стрелец.
Денес важна победа забележа некогашниот прволигаш Напредок од Кичево, кој со 2:4 салвеше над Зајази. Мехмеди и Исмаили беа стрелци за домашниот тим, за гостинот двоен стрелец беше Симјаноски, еден гол постигна Котевски, а Османи си постигна автогол.
Џепчишти со минимални 1:0 славеше над Љуботен со голот на Арсим Зубери постигнат во 14. минута од натпреварот.
Натпреварот меѓу Влазерими и Речица не се одигра, откако гостинската екипа не се појави на теренот. Ова ќе биде службена победа за домашниот тим кој е лидер на табелата.
Влазерими е на врвот со 41 бод, Џепчишти е втор со 34 бодови, Дрита е трета со 29 бодови, Зајази е на 4. место со 17 бодови, Речица е петта со 15 бодови, Љуботен е шести со 13 бодови, Напредок е седми со 12 бодови, на дното е Камјани со 10 бодови.
Александар Ванев, М-Нет