Државната матура поуспешна од лани, просечна оценка 3,69

Државната матура поуспешна од лани, со просечна оценка 3,69. Од вкупно 15.004 пријавени матуранти, 3% не се појавиле на испит, а 172 ученици се обиделе да го измамат системот. Поднесени се 507 приговори, а 75 ученици имале увид во тестовите. Со просечна оценка, матурантите постигнаа значителен напредок во однос на ланските резултати, кога просекот беше 3,26. Министерката Јаневска истакна дека оваа година организацијата и подготовката на учениците биле на високо ниво. Рече дека е задоволна што има напредок, кој е резултат на задничкиот напор помегу министерстовото и училиштата.

,,Задоволна сум што има напредок во организацијата и резултатот и тоа е плод на добра подготовка на учениците и препораките кои ги дадовме до сите чинители на процесот. За полагање се пријавија 15.004 матуранти, а 3% од нив не се појавија на испит. Годинава 172 ученици се обидоа да се надмудруваат со системот, ризикуваа и си го одложија завршувањето на средното образование. Беа поднесени 507 приговори, а 75 ученици извршија увид во тестовите. “, рече Јаневска

Jаневска упати честитките до матурнатите кои успешно го завршија полагањето. Потенцираше дека останатите ќе имаат можност да полагаат на 12 август и 14 август.

,,Честитки до матурантите кои успешно го завршија полагањето и стекнуваат диплома за продолжување во високо образование или за вклучување на пазарот на трудот. Останатите имаат можност да полагаат мајчин јазик на 12 август и странски јазик, математика, естетика и филозофија на 14 август. Полагањето на интерните испити е од 15 до 20 август, а проектната задача треба да ја одбранат во периодот од 19 до 26 август.“, додава Јаневска

Инаку, министерката Јаневска останува децидна дека подобрувањето ќе се случува од година во година, се со цел учениците имаат знаења, а не мудрувања и измами.

Иван Митев, М-Нет