
„Лице на село Козјак доаѓа и ни ги сече дрвата стари повеќе од 60 години“, вели оштетениот Драган Зиков од карбинското село Радање. Тој заедно со oштетени соселани велат дека лице од село Козјак во изминатите денови извршило дрвокрадство на нивните сопствени имоти на дрва оставени во аманет од нивните прадедовци. Пред камерите на М-Нет телевизија истакнаа дека сега тие остануваат без 200 килограми ореви со кои тие во минатото имаа дополнителен приход и можност за подобар живот.
“Лице на село Козјак, доаѓа и ни ги сече дрвата родни по 50,60 години. Ни ги сече, претходниот ден ги исекол на нашиот селанион од другата страна, следниот ден на трет, па на мене. Ова дрвце е 50,60 години, самото дрво е 600 евра од два, до три метра, што од него може да се изработе материјал, а мене ме кошта ова многу. Неопишувачка е ситуацијата, мислам на вредноста на дрвото. Назад ако израчунам по 200 килограми орерви вадев од ова дрво, а тоа се две дрва, тоа значи 400 килограми ореви, тоа нема цена. Лицето го знаеме со име и презиме.“, изјавија селаните
Дел од селаните додека се припремале за овогодишната берба на ореви велат дека останале со празни раце кога го затекле крадецот на лице место како нивните дрва ги товара на неговата запрежна којнска кола.
“Исто така, како и на пријателот вандализам. Тогаш кога дојдовме ние да видиме и да ги береме оревите човекот го затековме на лице место, бидејќи истиот беше товаран на којнска кола и избега надолу. Му рековме да застане, имаме и видеа и трчејќи по него стигнавме до селото Козјак. Препознавме го човекот кој е. Кај мене се исечени тополите, тие прават вандализам. Човеку, за ова некој се грижел со години.“, додаваат селаните
Она што оштетениот Драган Зиков додатно го истакна е апелот до надлежните да го превземат случајот и да се стави крај на дрвокрадството, имајќи во предвид дека истите дрва покрај што даваат род, истите служат за сенка кога граѓаните преку летото одат на излет.