ДПС „Лисец“ од Штип го одбележа јубилејниот 10 Меморијал „Роберт Бојат“

Вкуопно 15 членови на ДПС „Лисец“ од Штип скромно, но достоинствено со почитување на сите здравствени протоколи го одржа традиционалниот Меморијален марш „Роберт Бојат“.

Во чест на некогашниот нивен член кој остана и меѓу ретките без планинарски прекар, годинашниот Меморијал беше со Јубилеј, односно се одржуваше по 10 пат. Според информациите од Љупчо Ѓеоргиевски – Џими маршот се одвиваше на релацијата Шумска ќуќа – Варницата – Црквиште – Туртел и назад со добра и уиграна екипа, релаксирачка атмосфера проткаена со милна дружба и во присуство на човек од докторската професија Трајче Станчев.

За разлика од минатите маршеви кои се одликуваа со огромна масовност и посетеност на другари и пријатели на Роберт Бојат од цела Македонија па и пошироко, годинава поради пандемијата беше доста редуцирана посетеноста.За време на маршот и моментите на одмор се евоцираа спомени и згоди и незгоди од долгорочното другарување со Роберт Бојат, а најчесто и за традицијата на додавање на прекари или надимци, односно „планинарски“ имиња од кои ќе наведеме неколку, Лопен, Ѓото, Кет, Антич….Бисерната Плачковица е нивната движечка сила и во годинините на некои повозрасни членови, секое нивно другарување си има своја историја, свое бреме од најраните детски, младински чекори со кои се нанижани многубројни познатства, пријателства, другарувања па и љубови.

Од тука, од Плачковица друштвото Лисец го пробиваше патот кон европските па и светските височини ширејќи ја вистината за македонските планинари и алпинисти како добри искачувачи и како верни придружници на многубројни планински експедиции. Ваквите маршови се неопходно потребни за зачувување на македонската планинарска традиција, за одржување на адреналинскиот дух и за полнење на батериитее во походот кон европските и светски непознаници и искачување на сите оние зацртани идеали наречеви планински врвови.

Ќе завршам со зборовите на легендарниот Роберт Бојат кој честопати велеше и повторуваше, – „ Дајте ми го само неопходниот домаќински прибор а за храната, тоа јас и планината си знаеме и ќе си се погрижиме со месеци да опстојам, јас сам со планината околу мене.“

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk