Утре во 12:05 часот, овде ќе се одржи настан за кој не се знае кој го организира, не се знае кои се учесниците и не се знае која е вистинската цел.
Единствено што се знае е темата: „Политичкиот плурализам и состојбата на опозициското делување“.
Во превод, тоа значи создавање на повеќе опозициски блокови по моделот на Вучиќ од Србија – разбивање на гласовите и збунување на граѓаните, изјави денеска, Кристијан Дојчиновски од СДММ.
„Еве ја поканата, не се гледа кој е организатор, кои се говорници. Но, ние знаеме кој е организатор. Се вика Христијан Мицкоски, шеф на организирана криминална група ВМРО.
Затоа сè се одвива зад затворени врати, под “Chatham House Rule”. Ова не е отворена дебата за иднината на Македонија. Ова е класичен начин на кој Христијан Мицкоски создава свои сателити, ЗНАМ, 2.0“.
Кога Мицкоски, како што рече, сака да направи нов политички проект за разбивање на опозициските гласови, тој не го прави тоа јавно.
„Тој собира луѓе без имиња, во сала без име, со организатор без име, и под странски правила за тајност, разговара за „иднината на државата“.
Chatham House Rule за луѓе без имиња, за организатор без име, за политика на иднината без лице.
Играчи кои треба да ја обликуваат судбината на Македонија според туѓи интереси – интереси на Христијан Мицкоски и агенди на други држави, како Русија и Кина.
Изолирана држава – слепо црево на Балканот и Европа“.
Во исто време кога Европската Унија постојано предупредува за мешање на странски служби во политиката на Мицкоски, тој, додаде Дојчиновски, продолжува да спроведува туѓи агенди.
„Мицкоски секојдневно ги исполнува туѓите барања – но никогаш македонските и европските.
Затоа и се крие зад затворени врати, исто како што ги крие криминалните тендери.
Затоа и нема имиња. Затоа и се користи странско правило за тајност. Ова е ЗНАМ 2.0.
ЗНАМ еднаш ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи, ставајќи ги нивните гласови на располагање на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.
Граѓаните не се наивни“.
Денес граѓаните, според него, јасно гледаат кој стои зад овој проект.
„Се гледа и од авион – Христијан Мицкоски и неговата банда. Од оној авион во кој не го болат колената.
Единствената вистинска опозиција ќе биде обединета околу Фронтот за вистина и правда.
Вратите на Фронтот се отворени за сите што сакаат демократско општество, без лаги и корупција. Општество што знае дека Европа нема алтернатива. Сè друго е проект на организирана криминална група, предводена од нејзиниот шеф, Христијан Мицкоски.
Фронтот има име и презиме – Македонија и Европа. Тоа е лицето на иднината. Тоа се вика патриотизам“.
Текстот (Видео) Дојчиновски: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0, луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице е превземен од МАКФАКС.