
Домот на култура „Ацо Шопов“ Штип не е дел од овогодинешното издание на штипско културно лето. Нетранспарентност е ова според директорот на Домот на култура, Горан Трајков бидејќи оваа година оваа институција е изоставена од програмата. Вели дека сакале да се престават со премиера, ама ниту биле консултирани при донесувањето на Буџетот и програмата, ниту пак нашле повик за да се пријават.
„При самото донесување на Буџетот на ШКЛ не беа консултирани ни една од институциите . Во другиот дел дојде до донесување на програмата каде пак не беше консултирана фелата или вработените во културата. Третиор дел е она што сме навикнати да го гледаме е нетранспарентен однос, повик каде ќе може секоја институција да се престави. Ние сакавме да имаме премиера, ама заради нетранспарентност не се пријавивме.“ – вели Трајков.
Градоначалникот Иван Јорданов вели дека една од причините е оти настаните треба да се организираат на отворено. Но, потенцира дека соработка со оваа институција има.
„Со оглед на тоа што е месец јули, најповеќе настаните ќе бидат организирани на отворено, во такви услови можеби една од причините е што нема настан во Дом на култура е ова. Но, тоа не значи дека немаме соработка со домот на култура, пред само една недела имавме настан таму со поддршка на Општина Штип“ – вели Јорданов.
Минатата година дел од настаните на Штипско културно лето беа организирани во Домот на култура, а имаше и настани кои се реализираа на отворено.
Лаура Стојанова М-Нет