Дел од нивите и дворовите во Облешево уште се под вода, надлежните си играат пинг- понг со одговорноста

И по повеќе од една недела, водата од поплавите во село Облешево се уште не е повлечена од нивите, дворовите и објектите на жителите. Цели дворови и подруми се под вода, а немаат ниту чиста вода за пиење и готвење. Штетите големи велат жителите на село Облешево, а помош до сега не добиле. Сами се снаоѓаат како знаат и умеат да се снабдат со вода за пиење.

„Ние сме се под вода и хидрофор, и кујна, и подрум. Житото и од соседите мојот сопруг носи вода за да готвеме, а за пиење купуваме готова вода. Штети секаде имаме, јачменот, кујната се е во вода. Сѐ е мокро. Не сакаат еден камион песок да донесат.“ – велат жителите.

Тешка е ситуацијата и со житарките. Поплавени се нивите, не може да се жнее ниту да се работи. Земјоделците овде вината ја бараат во неисчистените канали за наводнување, а велат и покрај реакциите упатени на адреса на општината на терен решение се уште нема. Бараат да се прогласи елементарна неподога на територија на Општина Чешиново – Облешево.

„Како фанаа дождовите ништо не е исчистено овде, поплавено е целото поле. Уште мерки нема за да се сопре водата да не тече натаму. Вада има ама мерки нема. Не знам како да жнеам и не можам да жнеам. Имам три хектари поплавено житарици, ни со гусеници не може да се влезе во нивите.

И додека граѓаните се обидуваат да се спасат од водата, надлежните си префрлаат вина.

Од Општина Чешиново – Облешево велат дека надлежноста за чистење на каналите е на водостопанство. Додаваат дека тие како општина биле на терен и работеле на решавање на проблемите со вода за кои биле свесни дека ќе случат уште претходно.

Ама од Водостопанство „Брегалница“ – Кочани се со спротивен став. Директорот Благојчо Богатинов вели надлежноста е на општината.

„Тие мислат на старуиот канал, таму се цеди водата од оризите, а поставени се цевки од општината и заради неодговорно одржување тој е полн со вегетација. Друга причина е што одредени земјоделци имаат зафат за да посеат парцели со ориз, кои се надвор од планот за наводнување. “ – вели Богатинов.

Во меѓувреме тече рокот за пријави на штети. До сега во општината се пријавени две штети од поплава на домаќинства и две штети за поплава на имот.

Лаура Стојанова М-Нет