
Домашни свежи јајца по 10 денари продава тетка Зајде од карбинско Радање на пазарот во Штип. Во селото таа чува околу 100 кокошки, кои секојдневно и несат јајца, а таа со кошницата ги собира и свежи ги носи овде на пазарот. Ги храни со осатка, ги пушта на чисто на паша, па затоа тврди дека јајцата покрај што се свежи, тие се здрави и квалитетни. Вели цената од 10 денари за зрно засега е добра, а заработка има колку да ги покрие трошоците и малку да тргне на страна.
Тетка Зајде од ова карбинско село, вели дека храната е исклучително значајна за да јајцата се квалитетни и здрави. Важно е ќе рече кога кокошките се пуштени на отворено и сами наоѓаат храна од природната.
Инаку, тетка Зајде, со чисто срце и широка насмевка остана да продава на пазарот, продавајќи ги јајцата со многу љубов и добра комуникација со секого. Таа перфектно го говори турнскиот јазик и солидно го знае македонскиот. За М-Нет телевизија истакна дека не е важно кој од каде е и каков е, важно е пред се да биде човек и чесно да заработува.
Иван Митев, М-Нет