
Денеска се одбележува денот на пожарникарите, во таа чест беа доделени благодарници и пофалници за најдобри пожарникари на територијланата противпожарна едниница како и најдобар доброволец на доброволното противпожарно друштво Кочани. Се со цел да се мотивираат пожарникарите за подготвеноста на дејствување а со тоа и да се намали работата. Општина Кочани во периодот од 2023 до 2024 година брои вкупно 343 интервенции
„Градот Кочани помеѓу двете празнувања на празникот 20 мај 2023 и 2024 територијалното противпожарно еднициа со брои со 343 интервенции. Имаме 220 интервенции од кои пожари на објекти 26, поќари на отворен простор 127 интервенции од кои се зафатени 134, 8 хектари. Бележиме два шумски пожари, пожари на моторни возила 9, технички интервенции 39 и поплави сме интервенирале на 9 поплави.“ – вели Апостолов.
Овие награди го докажуваат успехот на тимската работа во едно значат и поголем стимул за работа, како и поголема подготвеност која ја поседуваат професионалните пожарникари.
„Оваа година ме избрааа за најдобар доброволен пожарникар, со тоа и дават стимул за повеќе да се трудеме, поголемо членство да имаме оваа година во доброволното противпожарно друштво, да се залагаме повеќе да вежбаме и да се носиме рамо до рамо со професионалните пожарникари.“ – вели Минов.
„Да се заблагодарам на колегите за наградата која сепак доаѓа како резултат од тимска работа, за да биде една интервенција успешна потребно е сите учесници да дадат свој максимум за да биде резултатот позитивен.“ изјави Паунов.
Ваквите настани треба да бидат се почести каде на симболичен начин ќе се претстави сработното пред другите, а воедно ќе значи мотивација и за останатите.
Лаура Стојанова М-Нет