
На 26.01.2023 во 10.00 часот во Полициската станица во Кавадарци, Р.Л.(44) од Кавадарци пријавил дека на 25.01.2023 добил телефонски повик од финансиско друштво дека има рата за плаќање на кредит. Според пријавеното, бидејќи тој не аплицирал за кредит во финансиско друштво, сфатил дека неговите лични податоци биле злоупотребени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.