Штипјанецот Емил Павлов со две победи на Премиер лигата во Каиро, Египет

Светскиот вицешампион во карате, штипјанецот Емил Павлов, денес со две победи на Премиер лигата во Каиро, Египет. Во трите борби, тој успеа да извојува победа двапати, а доживеа еден пораз. Во првата борба изгуби од каратист на Азербејџан, во втората беше подобар од каратист на Алжир, а во третата беше подобар од каратист на Италија. Павлов заврши како второпласиран во групата со шест поени и само за еден поен не успеа да се пласира во четвртфиналето.

Павлов е единствениот македонски претставник на овој турнир и категоријата во која настапува, до 67 кг, брои вкупно 31 каратист.

Ребека Спасова М-Нет