
Сеуште трае неизвесноста околу судбината на македонските Футсал прволигаши кои поради новите обврски за тестирање принудно одмараат. До кога ќе се развлекува оваа процедура сеуште нема сознание, иако до крајот на првенството останаа да се одиграат уште три кола. Нашите информации велат дека клубовите имаат сознанија и очекуваат до 15 мај дека ќе има информација за тоа дали државната здравствена комисија ќе ја повлече одлуката за обавезно теститање пред секој натпревар. И самите Футсал прволигаши се погодени од ваквата ситуација бидејќи се во неизвесност и секако ваквиот прекин влијае врз тренажниот процес. Сите сакаат да се доиграат последните кола во кои ќе има разврска за самиот шампионски трон за кој има огромна борба помеќу Проект Цико и Шкупи и токму овие две екипи треба да се сретнат во Скопје во евентуалното следно 20 коло, а голема неизвеснот постои и во борбата за опстанок. Како ќе заврши оваа Футсал ситуација ќе се знае најверојатно до 15 мај, ако не бидејки се одиграни 75 % од првенството тоа ќе се прекине со моменталниот изглед на табелата.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk