Приведени двајца штипјани поради агресивно однесување кон полициски службеници

На 07.05.2021 во 00.35 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Т.Д.(53) од Штип затоа што се однесувал агресивно и се обидел со остар предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 06.05.2021 во 20.00 часот на ул.„Скопска“ во Штип, М.А.(52) од Штип агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Штип кои преземале службени дејствија. По комплетирање на случајот против М.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.